Golf, Corsa, Clio, Captur… Кои се најпродаваните нови возила во Европа во септември?

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата за статистика, JATO Dynamics ги објави месечните податоци за автомобилскиот бизнис во септември во Европа, благодарените на кои се дознава дека првпат во историјата, електрифицираните возила запишуваат поголема побарувачка отколку дизел возилата. Исто така и дека регистрациите на новите автомобили во месецот биле само со 1% подобри во споредба со истиот период во 2019 година односно 1,3 милиони спротив 1,28 милиони.

Најбараниот модел на европскиот пазар за септември е Volkswagen Golf со 28.731 единици, а во ТОП 5 исто така влегуваат и Opel/Vauxhall Corsa (26.269), Renault Clio (23.986), Renault Captur (21.523) и Mercedes A-Class (20.430).

Со растот од 29% во регистрациите во септември, на 6. позиција се најде Peugeot 208 (20.292), а во првата десетка место најдоа уште и Ford Fiesta (19.878), Dacia Sandero (19.745), Volkswagen Polo (18.919) и Skoda Octavia (18.240).

Во групата на хибриди кои не се полнат, Топ 3 е фомиран од Toyota Corolla (15.093), Ford Puma (12.251) и Toyota C-HR (11.991), а кај оние што се полнат (plug-in) тројката е формирана од Mercedes A-Class (4.782), Volvo XC40 (4.036) и Audi Q5 (2.998).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK