Љубовта на Германците кон сопствените автомобили е непоколеблива. Тоа се потврдува и од проучувањето на агенцијата KUS. Според него 96 проценти од анкетираните сметаат дека е важно да се поседува автомобил. Во исто време, пак, 41 процент сакаат да возат помалку автомобил во иднина, 41 процент сакаат да летаат помалку, а 33 проценти сакаат да користат автобуси и возови. Така се гледа дека однесувањето на подвижноста се менува.
Што се однесува до користењето на автомобилот, 60 проценти го користат за работа, 86 проценти одат да пазаруваат или возат деца, а 86 проценти користат превозно средство во слободно време или одат на одмор.
Хибридот сè уште е проблем, но, сепак, 63 проценти можат да си замислат дека купуваат такво превозно средство, па 53 проценти од нив се за водороден автомобил, а 37 проценти се за автомобил со батерија. За 41 процент од анкетираните, електричните автомобили треба да имаат опсег со едно полнење од барем 500 километри за да има позитивно влијание врз нивната одлука за купување.
Зголемувањето на државната премија за набавка на еколошки автомобил е речиси игнорирано. Точно 73 љпроценти велат дека таа нема ефект над набавката на автомобили. Главниот проблем е сè уште недостаток на инфраструктура за полнење на алтернативните типови за погон. Околу 75 проценти од анкетираните го гледаат тоа како основен проблем, кој се одразува негативно над намерата за купување на превозно средство.