Германците се ригорозни: Возачка се одзема ако возите со над 20 км/ч. од дозволеното!

ОБЈАВЕНО НА:

Во Германија се крена голема врева околу новиот каталог на казни во сообраќајот кој е активиран во април лани. Одлуката за одземање на возачките дозволи на еден месец за оние кои возад 21 км/ч побрзо од ограничувањето во градовите и 26 км/ч. надвор од населените места предизвика голем револт.

Властите за брзо успеаја да пронајдат начин да се демантираат. Министерот за сообраќај пронајде процедурална грешка во предлогот кој го потпиша па го суспендираше после споменатиот притисок на јавноста.

Новиот предлог кој беше усвоен на седницата на Државниот совет за транспорт ја смени таа одлука па во Германија ќе останете без возачка дозвола во период од еден месец доколку возите 26 км/ч побрзо од ограничувањето во градот и 36 км/ч на автопат надвор од градовите.

Овие информации се доста корисни да се знаат доколку патот ве нанесе во Германија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK