Германските автогиганти се против дополнителни субвенции за купување возила

ОБЈАВЕНО НА:

После падот во економијата во текот на пролетта во 2020 година германскта автомобилска индустрија одново е на пат кон закрепнување. Поради ова шефот на Volkswagen, Херберт Дис не гледа причина за нова економска помош од страна на државата.

„Ако не се наоѓаме пред втора блокада или натамошен економски пад би тврдел дека нема потреба од нови субвенции за купување нови автомобили“, вели топ автоменаџерот за Financial Times.

Бројките на продажбите на производителите се зголемија значително во последниот период. Volkswagen Group успеа да продаде над 300.000 автомобили во Западна Европа во септември во 2020 година, а зголемувањето е со повеќе од десет проценти. И на важниот кинески пазар бизнисот одново е многу подобар. Бројот на нови регистрации, сепак, уште е под нивото во однос на минатата година.

Во текот на летото Владата стартуваше пакет за економски стимул кој предвидува времено удвојување на државната премија за купување на електрични автомобили. До крајот на 2021 година веќе има до 9.000 евра финансирање на електромобили, со услови парите од државниот буџет кои се за оваа намена да не бидат потрошени дотогаш.

Шефот на Daimler, Ола Калениус исто така се изјасни за дополнителните бројки за купување. Групата со база во Штутгар неодамна ја зголеми прогнозата за 2020 година, меѓудругото поради силниот растеж во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK