Германскиот суд поради Хитлер ја забрани регистрацијата „HH 1933“

ОБЈАВЕНО НА:

Вишиот Управен суд во Минстер во Германија ја забрани употребата на автомобилската регистарска ознака „HH 1933“ бидејќи премногу асоцира на периодот на националсоцијализмот и доаѓањето на власт на Хитлер, што се коси со правилата за почитување на моралот и обичаите.

„Комбинацијата на букви и бројки, врз основа на општото познавање на историјата, погодна за поврзување со националсоцијалистичкиот режим, што е спротивно на законот за забрана на кршење на правилата, моралот и обичаите“, стои во образложението на судот.

HH 1933 асоцира на националсоцијалистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, а 1933 е година кога Хитлер доаѓа на чело на националсоцијалистите. Вишиот Управен суд со тоа ја отфрли тужбата на мажот од западногерманскиот Вирсен, во близина на границата со Холандија, на кого надлежната градската служба прво му дала одобрување за споменатите плочки, но после тужба на граѓанин се повлече.

Сопственикот потоа се обрати на судот во Диселдорф, кој го одби неговото барање, поради што се обрати на вишиот суд во Минстер, кој ја потврди одлуката на нискиот суд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK