TÜV (Technischer Überwachungsverein) претставува германска Асоцијација за техничка инспекција која на своите активности ги спроведува на територијата на Германија и Австрија.
Во своето портфолио веќе неколку години активно работи на следење на квалитетот на автомобилите. Така редовно објавува извештаи за најчестите грешки кај автомобилите.
Последниот извештај покажува дека најчеста грешка кај автомобилите се проблемите со светлата. Имено проблемот со јачината односно интензитетот на светлосниот зрак е најчест проблем кај автомобили со старост до 11 години. Дури 8,1% од грешките кај овие автомобили се поврзани со светлата. Оваа грешка е најчеста и кај возила со старост до 3 години.
Неисправноста на светлата е втората најчеста грешка. Овој проблем повторно е најистакнат кај возила стари до 11 години. Следнат грешка се однесува на проблеми со кочниците, а во најчестите грешки се вбојуваат уште и: проблеми со амортизерите, проблеми со моторот, губењето уље…