Германската еколошка организација Deutsche Umwelthilfe (DUH) поднесе тужба против компанијата Porsche во износ од 110 милиони евра. Причина се спорните податоци за нивото на емисија на штетни гасови од спортските автомобили, и нивното лажно прикажување во јавноста. Поточно се работи за теренецот Cayenne со дизел мотори.
“Секој граѓанин е должen да ги почитува законите. Ако биде фатен во прекршување на правилата за движење или за паркирање, го чека парична казна во согласност со тежината на прекршокот. Овие правила треба да се користат и кај автопроизводители кои досега не биле казнувани во Германија поради дизелскиот скандал, изјави Јирген Реш, извршниот директор на DUH.
Со поднесената тужба екологистите сакаат повторно да го привлечат вниманието на јавноста кон аферата Дизелгејт. Од компанијата Porsche одбија да дадат коментар за барањето на екологистите и милионската сума што ја бараат.