Старите, тесни гаражи и новите автомобили стануваат сè помалку компатибилни. Речиси сите модели значително се зголемуваат во големината од генерација на генерација. Кој модел одговара и кој не се вклопува во потесните гаражи?
Најголемиот германски автомобилски клуб, ADAC состави список на сите актуелни нови и користени модели од годината на производството 2010 па наваму, кои вклучувајќи ги и ретровизорите не се пошироки од 1,9 метри и подолги од 4,7 метри.
„Најтенкиот автомобил во моментов е двоседот Renault Twizy со ширина на надворешните ретровизори од само 1.396 милиметри“, велат од автомобислкиот клуб. Не е изненадувачки дека со Fiat 500 3 + 1 (1,9 метри) или Suzuki Swift (1,88 метри) малите и многу мали автомобили одговараат на условите за ширина. Теренците како Dacia Spring Electric, кои ќе дебитираат во 2021 година или офроудерите како Suzuki Jimny исто така осануваат во рамки на ограничувањето.
После Twizy, најтесниот автомобил од 2010 година досега е малиот роудстер на Daihatsu Copen со ширина од точно 1.644 милиметри. Chevrolet Matiz и Spark исто така се многу тесни со 1.725 милиметри. Меѓутоа и трите модели се стари најмалку десет години.
Примерот со VW Golf покажува колку значително пораснале автомобилите во ширина во минатото. Првата генерација со само едно стандардно надворешно огледало била широка помалку од 1,8 метри, сегашниот Golf VIII со огледалата пораснал до над 2,07 метри.
Еве и совети од ADAC за корисниците на тесни гаражи:
– Откријте ги точните димензии на паркинг просторот или гаражата.
– Не кростете го просторот целосно бидејќи за тоа се потребни многу вештини при паркирање, напуштање и влегување во автомобилот.
– Секогаш треба да има можност да се влегува и излегува од автомобилот без проблеми дури и кога е лизнаво во зима или возачот е со физички ограничувања.
– Техничките податоци често не ја означуваат ширината на надворешните ретровизори. Ако се двоумите, измерете ја со нив со лента при отворени странични прозорци.