Германија во проблем: Нема доволно паркинг места за камионите

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од проблемите на возачите на камиони во Германија не е само како да најдат работа што ќе им донесе добра заработувачка и добри „тури“ од кои може да заработат. Возачите се повеќе се загрижени каде да ги паркираат камионите преку ноќ кога треба да одморат и да се подготват за следниот напорен ден.

Според последните податоци околу 94.000 возачи на камиони се соочуваат со предизвици секоја вечер да најдат безбедно место за паркирање на државните автопати. Само околу 70.000 возачи на камиони можат успешно да паркираат затоа што се проценува дека недостасуваат 23.500 места.

Ова ги принудува возачите да го паркираат камионот спротивно на законот и она што е дозволено. Ова го покажуваат податоците објавени неодамна од Федералниот институт за истражување на автопати (БАСт).

Според БАСт најмногу паркинг места недостасуваат во Баварија и во Северна Рајна Вестфалија. Капацитетот за паркирање на камиони сè уште е далеку зад побарувачката.

Од гледна точка на ADAC (Германскиот авто клуб), потребно е брзо проширување на капацитетот за паркирање на камиони што треба да биде императив. Проектираното натамошно зголемување на тешкиот сообраќај во наредните години ја нагласува итноста за проширување на паркинг местата.

ADAC препорачува проширување на капацитетот на постојните и плус на нови области за одмор со интелигентни системи за паркирање. Воведувањето на систем за управување со информации за паркинг места, кој на возачите на камиони им дава информации за рано препознавање на местата за паркирање, сè уште е во развој.

Од федералната влада се бара напредување со проширувањето на капацитетот за паркирање и да охрабри создавање вакви простори од страна на приватни инвеститори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK