И Германија не е тоа што беше: Се бара ограничување на брзината на 30 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

На автопатиштата во Германија на многу места нема ограничување на брзината, но она што сега дојде како предлог од германскиот сојузен завод за животна средина за многумина е дури бесмислено. Тие бараат ограничување на брзината во градовите на 30 км/ч. И предлогот веднаш е дочекан со многу лоши коментари во јавноста.

Ова ограничување на брзината од 30 км/ч. треба да важи во сите градови и на сите улици. Тоа е дел од стратегијата што заводот ја нарекол „Град на иднината“, и доколку тие се прашуваат, истото ограничување би се вовело веќе до 2020 година. Притоа заштитата на животната средина е само една од целите. Поспоро возење би значело и помалку сообраќајни несреќи, посебно оние со тешки повреди, а според заводот истовремено и сообраќајот би бил по проточен и дека на целта би се стигнувало за исто време како и сега каде по правило ограничувањето е 50 км/ч.

Од министерството за сообраќај велат дека не се воодушевени од предлогот. Според нив на овој начин неоправдано би се успорувал сообраќајот на главните улици, и потсетуваат дека локалните власти можат да воведуваат зони на движење од 30 км/ч. Коментарите одат дотаму дека воведувањето на движење од 30 км/ч. незначи и почист воздух. Но, некои сметаат дека то аби било добро за пешаците и велосипедистите кои ги има сѐ повеќе во последните години

Расправата е почната, па веројатно и ќе се извлечат поуки, а можеи и донесе некое решение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK