Германија нареди истрага за Porsche околу емисијата на гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за транспорт на Германија нареди истрага за да се открие дали Porsche користел некој софтвер во дизелските модели на Cayenne V6 околу емисијата на гасови. Овој мотор доаѓа од Audi кој исто така е под официјална истрага за сомневање околу неточни податоци за емисијата на гасови на нивните модели како што се A8, A7, Q7 и Q5.

Портпаролот на германското министерство потврдил за медиумите дека е отворена истрага за Porsche. Според магазинот Der Spiegel, дизелската V6 верзија на Porsche Cayenne испуштала многу повеќе штетни гасови од дозволеното во тестот направен од TUV Nord и во нормални услови на возење.

Porsche одговори дека овие тестови не се веродостојни и потенцира дека емисијата на гасови зависи од условите како што се тежината на моторот, брзината, температурата. Од Audi исто така изјавија дека ќе ги повикаат на сервис овие модели заради софтверски подобрувања.

Според извор од Audi проблемот со специфичните модели лежи во поврзаноста на трансмисијата и контролата на моторот, што доведува до преголема емисија на гасови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK