Германец чека 46 години извинување од BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на сервис за автомобили и рент-а-кар од местото Мунстер во Германија, Хајнрих Зандкамп од 1973 година чека да добие извинување од компанијата BMW. Тој пред 46 години купува ново BMW 520, а белиот седан го купил со дефект. Само неколку дена после купувањето на левата страна од каросеријата се појавува „портокалова кожа“.

Зандкамп се жали кај застапникот на BMW, откаде му нудат три варијанти. Едната е да го префарбаат возилото, другата да го обесштетат со 500 марки за самиот да го отстрани дефектот, а третата да го врати возилото. Во оваа ситуација Хајнрих се решава за третата можност.

За брзо време од BMW го менуваат договорот. Место да го откупат автомобилот тие го префарбуваат, го испраќаат назад во Мунстер и му го враќаат на сопственикот. Зандкамп откажува да го земе и почнуваат битки на суд.

Тој ја добива тужбата на Окружниот суд во Мунстер, но губи после жалбата во Вишиот регионален суд кој наложува автомобилот кој е веќе две години да му биде вратен на сопственикот. Претставник на BMW изјавува дека компанијата никогаш нема ветено да го откупи автомобилот.

Зандкамп останува зачуден од решението и почнува да пишува на различни медиуми во потрага по правдата. Во 1980 година го прави оследниот обид за да го оспори производителот и го дава на суд дилерот од Мунстер со обвинение за лажно сведочење.

Во следните 38 години случајот е заборавен, се до минатата есен, кога Заднкамш напиша писмо до весникот Bild, каде почнува со реченицата: „Со овде приложеното се враќам кон писмото од 14.09.1975 година“. Сега веќе 90-годишниот Хајнрих раскажува за својата одисеја со BMW и навредата која што ја претрпел. Тој вели дека не бара компензација, а прашањето се темели на правдата, која ја чека речиси пола век. Зандкамп и понатаму се надева на извинување иако веќе го загубил судскиот спорт.

Во текот на целиот периот белото BMW не било возено, но е редовно сервисирано. Има поминато под 2000 километри. На времето судиите го советувале да не го користи автомобилот додека трае делото и тој стриктно го почитувал она што тие го кажале.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK