Герхард Бергер најави враќање на Porsche во Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот пилот во Формула 1, Герхард Бергер прогнозира дека во сезоната во 2021 година на патеките низ светот може да биде видена и компанијата Porsche. Тоа е враќање на програмата за натпреварување во оваа компанија на највисоко ниво.

Porsche се откажа на крајот на 2017 година од светскиот шампионат за издржливост (WEC) и „24 часа Ле Ман“, а од 2019 година ќе влезе во Формула Е, единствениот светски шампионат со електрични болиди.

Бергер најави дека компанијата веќе размислува за евентуално учество во Формула 1, но за потврда на информацијата ќе се почека до следниот месец кога треба да бидат официјализирани новите правила, кои ќе влезат во сила во сезоната 2021.

Освен Porsche, Aston Martin исто така се интересира за влегување во Формула, а тоа би се случило откако правилата ќе осигураат поевтини мотори. Сепак, од британската компанија засега планираат да бидат само доставувачи на мотори.

Porsche забележа сериозни успеси како доставувач на мотори во 80-тите години на минатиот век кога беше актуелна првата турбо ера во Формула 1. Тогаш Porsche беше партнер на тимот на McLaren.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK