Во онлајн презентација, Genesis, луксузниот бренд на Hyundai Motors, го претстави долго најавуваниот модел GV70.
Дизајнот е идентичен како и кај GV80 кој пак е инспирриран од моделот G80, дело на Лук Донкерволке. Во превод, го следи дизајнерскиот јазик применет кај новите модели и оној кој ќе биде двигател на брендот во наредните години.
Во понудата овој луксузен SUV ќе се нуди со погон на задните тркала и на сите четири тркала. Во однос на мотористиката, централно место зазема 2,5 литарскиот турбо бензински мотор кој продуцира 304 КС и 422 Nm. Тука е и помоќниот 3,5 литарски twin-turbo V6 мотро кој развива 380 КС и 530 Nm обртни моменти.
Во понудата место има и за 2,2 литарскиот дизелски мотор кој е со моќност од 210 КС, а кој ќе биде достапен само на оние пазари на кои ги исполнува строгите барања за емисијата на издувни гасови.
Возачите ќе може да одбираат помеѓу четири модови на возење: Eco, Comfort, Sport и Custom.
Во внатрешноста, во основното ниво на опременост, доминира 12,3 инчната дигитална инструментална табла како и 14,5 екран осетлив на допир. Амбиенталното осветлување, двозонската клима, греењето на управувачот и седиштата, адаптивниот темпомат како и бројните системи за безбедност и асистенција во возењето се дел од опремата на овој модел.
Производството на овој модел започнува следната година во фабриката на Genesis Motor во Улсан (Јужна Кореја). Цената засега останува непозната.