Неколку еминентни азијски медиуми на големо пишувааат дека Genesis работи на тестирање на првиот целосно електричен модел на овој бренд. Станува збор за SUV модел кој ќе го носи називот GV60, а кој во моментов се тестира.
Токму на интернет е објавена фотографија од тестирањето на овој модел кој се развива под кодната ознака JW. Од фотографијата не може ништо да се утврди, но за очекување е дизајнот да биде инспириран од новиот GV70.
Во однос на архитектурата, овој автомобил ќе ја користи новата E-GMP платформа развиена од страна на Hyundai која се користи и кај останатите електрични модели од Hyundai Motors. Во однос на технологијата, овој модел ќе ја дели истата онаа како и Hyundai Ioniq 5 и Kia CV, па оттука се очекува GV60, да има слични технички карактеристики како и Hyundai Ioniq.
Во моментов, глобалната понуда на премиум јужнокорејскиот производител ја сочинуваат пет модели и тоа: G70, G80, G90, GV70 и GV80. Истата со GV60 се очекува да биде збогатена кон крајот на оваа година.