General Motors се пофали со нова батерија за е-автомобили, подобра од таа на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Големиот предизвик од лидерот на електричните автомобили Tesla, за General Motors значеше многу работа да се создаде нова батерија. Од компанијата веќе објавија дека успеале да создадат нова батерија, која нуди можност за поминување до 400 милји, а воедно треба да биде поевтина за производство од сегашните батерии кои ги произведува Tesla.

Новите ќелии на акумулаторите ќе располагаат со доволно енергија за да може автомобилот да помине 400 или повеќе милји со само едно полнење. Тоа е малку поголем опсег за возење кој кој било автомобил на Tesla.

Oд компанијата Tesla тврдат дека нејзините батерии во моментов имаат опсег од 390 милји и тоа за најновата верзија на нејзиниот седан Model S Long Range. Новите акумулаторни батерии на General Motors ќе видат користени во неколку од целосно новите електрични модели на автомобилскиот производител вклучувајќи го и скоро претставениот самоуправувачки електричен автомобил Cruise Origin и идниот луксузен SUV Cadillac. General Motors исто така се надева да ја лиценцира технологијата за батерии на други компании.

Компанијата ќе инвестира повеќе од три милијарди долари годишно за истражување и рзвој на електричните превозни средства меѓу 2020 и 2025 година. Новите акумулаторни ќелии на кои GM им го даде името Ultium е меки, рамни џебови (Батерии за електромобилите можат да имаат рзлични форми. На пример батериите на Tesla се тврди цилиндри).

Акумулаторската ќелија Ultium користи минимално количество кобалт, скап состав за акумулатори на електрични превозни средства, а тој фактор во комбинација со континуираното подобрување во производството ќе ги намали цените. Ветувањето од GM е дека акумулаторните ќелии ќе поевтинат до под 100 долари за киловатчас.

Инженерите на GM веќе работат на батерии од новата генерација кои би можеле да дозволат да се поминуваат до 600 милји со едно полнење. Гигантот исто така претстави и ред на нови целосно електрични модели кои планира д ги произведе во следните неколку години.

Cruise Origin, целосно автономно превозно средство е планирано да биде преставено следниот месец во Сан Франциско. Автономната единица Cruise на GM се надева да го искористи како услуга за атономен превоз во Сан Франциско, но сè уште нема одреден датум за старт.

Новата верзија на Bolt EV ќе биде пуштена подоцна годинава, а ќе биде следена од кросовер СУВ верзијата наречена Bolt EUV, а тоа би требало да се случи во текот на летото во 2021 година.

Cadillac Lyriq ќе биде луксузен електричен кросовер, а ќе биде претставен следниот месец. Потоа на 20 мај ќе биде претставен и електричниот ѕвер GMC Hummer EV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK