General Motors ќе прави офроудери по 104.000 долари за војската на САД

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот дел на General Motors, Defense LLC објави дека компанијата има добиено договор со вредност од 214,3 милиони долари за производство на воени машини од типот ISV (Infantry Squad Vehicle) за U.S. Army Contracting Command–Detroit Arsenal.

Oд General Motors велат дека ISV машините се наменети за употреба од пешадијата, нудејќи можност за брза подвижност и воен превоз на тежок терен.

Офроуд машините кои се во состојба да транспортираат по девет лица, се доволно лесни за да можат да бидат преместени од хеликоптерите UH-60 Blackhawk со помош на јаже или натоварени на CH-47 Chinook.

Платформата на која се развиваат е истата како на Chevrolet Colorado ZR2 2020, но 90% од деловите се специјално создадени. Моторот на офроудерите е 2.8-литарски Duramax турбодизел со максимална моќност од 186 коњски сили и е комбиниран со шестстепен автоматски менувач.

Договорот за производство предвидува склопување на 2065 нови ISV машини.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK