Кинезите сериозно напаѓаат и постојано нудат производи кои се се поконкурентни. Она што сега Geely го развива е системи според кој возилата би требало да може да минат до 2.000 км.
Извршниот директор на Geely, Ган Џиају, откри дека новата генерација на plug-in хибриден систем наречен Thor ќе биде лансирана на пазарот во рок од една година. Џиају вети термичка ефикасност од 46% со просечна потрошувачка на гориво помала од 3 литри на 100 поминати километри. Во најдобар случај, системот ќе овозможи автономија од повеќе од 2000 километри во комбиниран циклус (електрична енергија + бензин).
Кинезите го користат нивниот систем за мерење CLTC, кој е доста далеку од реалните бројки, кога станува збор за потрошувачката. Се верува дека следната генерација на системот Thor ќе дебитира во претстојниот теренец Geely Galaxy Starship 7.
Според податоците од официјалниот технички лист, кој е пријавен до кинеските власти, веќе се познати некои карактеристики. Возилото ќе биде опремено со 1,5-литарски BHE15-BFN мотор со максимална моќност од 82 kW. Секако, тука е и електричен мотор и батерија со LFP хемија обезбедени од SVOLT или Sunwoda Electronic. Иако податоците за перформансите допрва треба да бидат објавени, Geely се надева дека ќе го надмине сличниот систем на BYD.
Минатиот мај, BYD го објави на светот лансирањето на петтата генерација на својот plug-in хибриден систем. Опремата вклучува 1,5-литарски бензински мотор со термичка ефикасност од 46,06% и моќност од 74 kW, нешто помалку од верзијата на Geely. Овој мотор работи со електричен мотор и LFP батерии. Потрошувачката е 2,9 литри на 100 километри со вкупна автономија од 2100 километри.