Кинескиот производител Geely потврди дека премиерата на сериската верзија на моделот KX11 ќе се случи во април годинава во рамките на саемот за автомобили во Шангај.
Станува збор за кросовер кој се базира на CMA (Compact Modular Architecture) платформата која е развиена заедно со Volvo. Оттука се очекува должината на овој кросовер да изнесува околу 470 см.
Од техничките карактеристики, засега е познато дека ќе располага со 2,0 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор кој доаѓа во комбинација со седумстепен менувач.
Во производство овој модел ќе се појави кон крајот на годинава, а ќе се продава и надвор од Кина.