Geely купи акции и стана најголем инвеститор во AB Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Шведска која се занимава со производство на камиони, AB Volvo продаде дел од своите акции. Точниот процент е 8,2, а овој дел од акциите завршија кај автомобилскиот гигант Zhejiang Geely Holding Group (Geely Holding). Акциите се откупени од Cevian Capital, а сумата која е платена за нивното купување изнесува 3,3 милијарди долари. На тој начин Geely Holding стана најголемиот акционер во AB Volvo.

Ова не е првата инвестиција на Geely Holding во Volvo бидејќи пред неколку години беа купени акции и од Volvo Cars каде што е главниот стратешки инвеститор во PROTON, Lotus, London Electric Vehicle Company (LEVC) и Terrafugia Inc.

„За нас преставува задоволство тоа што постигнавме договор со Cevian, а со придобивањето на нивните акции во AB Volvo станавме најголемиот инвеститор во компанијата која е лидер во областа на производство на трговските превозни средства и во продажбата“, вели Ли Шифу, кој е претседател на Geely Holding.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK