Geely и Baidu основаат нов бренд за електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант од Кина, Geely, кој е сопственик и на Volvo Cars, Lynk & Co и LEVC, објави дека планира да отпочне ново партнерство со онлајн пребарувачот и технолошки гигант Baidu.

Крајна цел е основање на нова автомобилска компанија, која ќе произведува високотехнолошки поврзани електромобили.

Како основа за развој на идните модели од портфолиото на новата компанија ќе биде искористена новата SEA (Sustainable Experience Architecture) модулна платформа за електромобили на Geely, која автомобилската фирма ја објави како слободна за користење (open-sourced) од секој, кој ќе посака.

Од своја страна, Baidu ќе учествува во новиот потфат со своето знаење за интелигентни решенија за поврзување и управување, вклучувајќо го системот за автономно управување Apollo, операцискиот систем DuerOS за Apollo, како и Baidu Maps.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK