Trumpchi S7 е базиран на новата генерација EV+ платформа (за електрифицирани возила) и е најавен како прв модел од новата генерација, демонстрирајќи го понатамошниот развој на брендот Trumpchi. Од податоците поврзани со димензиите, засега се познати висината (1780 mm) и клиренсот (200 mm).
Надворешноста е направена во нов стил, со профилот кој потсетува на Range Rover.
Засега нема слики од внатрешноста, но се најавуваат волан со два краци и посебни екрани за инструмент таблата и мултимедијалниот систем.

Возилото има погон на четири тркала и хибриден погонски систем, со вкупен опсег над 1.000 km. Останатите детали ќе бидат објавени подоцна.








