Футрола за мобилка која чини колку седум iPhone

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузна футрола од злато и крокодилска кожа за мобилни телефони, чија цена достигнува до 5.500 долари, креираше Louis Vuitton.

Футролите се продаваат под името Eye-Trunk, а се наменети за моделите на iPhone 7 I 7 Plus. Почетната цена на златните футроли е 1.180 долари и на позадината има платно со традиционалните мотиви на Louis Vuitton, додека футролата со крокодилска кожа од 5.500 долари е наменета за iPhone 7 Plus моделот.

Од модната куќа велат дека футролата гарантира дека корисникот ќе го има најмодерниот iPhone меѓу присутните во просторијата.

Интересно е што една футрола може да чини колку седум iPhone 7s апарати, и со тоа на некој начин ја губи и функцијата да го заштити телефонскиот апарат од гребење. Односно, доколку ја купите, треба да внимавате да не падне мобилката зашто може да се изгребе луксузната заштитна футрола.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK