Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се веруваше дека Баерн Минхен ќе го раскине договорот со Audi и ќе потпише нов спонзорски со BMW, сепак наместо тоа овие два субјекти потпишаа нов со важност до 2029 година.

Во официјализирањето на документите беше објавено дека фудбалерите на најтрофејниот фудбалски клуб во Германија ќе возат електрични возила од овој бренд.

Според договорот, обврските на фудбалерите и другите стручни лица на Баерн Минхен остануваат исти како и стариот. Тоа значи дека тие на тренингз ќе мора да пристигнуваат со доделените возила од Audi. Дополнително, обврзани се да учествуваат и во други најразлични промотивни кампањи на германскиот произвдоител.

Потпишувањето спонзорски договори помеѓу производителите на автомобили и фудбалските клубови не е ништо ново. Така фудбалскиот клуб Барселона има потпишано договор со Cupra, Реал Мадрид со Audi, Јувентус со Jeep, Атлетико Мадрид и Челзи со Hyundai…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK