Французите испитуваat дали и Renault ги лажирал податоците за емисијата на гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Обвинителството во Париз покрена судска истрага против автомобилската компанија Renault поради можно мамење на мерењата на емисијата на штетни гасови.

Медиумите пишуваат дека тројца судии веќе работат на разгледување на случајот. Веднаш по објавувањето на веста падна цената на акциите на компанијата на берзите, за 4,3 отсто, што е најниско ниво по последните месеци.

Поради сличен скандал, германски VW веќе се соочува со бројни тужби и се обидува да ги исправи работите. Но, тоа го чини многу милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK