Околу петстотини французи кои патуваат со возила на Peugeot 205 како дел од Europ’raid, ќе поминат и низ Македонија, а во нашата земја ќе ноќеваат единствено во Македонска Каменица.
Оваа традиционална авантура годинава ќе има должина од 10.000 км. ќе се патува низ 20 земји и ќе трае 23 денови. Колоната од 150 возила и 450 учесници ќе дојде во Македонија преку Грција, а потоа продолжува за Бугарија.
Французите ќе пристигнат на 10-ти август, во попладневните часови и прва станица ќе им биде Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат училишен прибор за учениците во основното училиште. Целта на патувањето е покрај авантурата да се дистрибуираат и училишен материјал во изолирани училишта. Годинава такво нешто ќе се направи во училишта во БиХ, Албанија, Македонија и Бугарија.
Предвидено е да се оддржи и дефиле, бидејќи сите овие млади авантуристи патуваат со Пежо 205.
Ако сакате да видите како изгледа нивното патување, годинава и претходните изданија посетете ја нивната интернет страница.