Околу петстотини французи кои патуваат со возила на Peugeot 205 како дел од Europ’raid, минаа и низ Македонија, а во нашата земја ноќеваа единствено во Македонска Каменица.
Оваа традиционална авантура годинава ќе има должина од 10.000 км. ќе се патува низ 20 земји и ќе трае 23 денови. Колоната од 150 возила и 450 учесници дојде во Македонија преку Грција, а потоа продолжи за Бугарија.
Французите пристигнаа на 10-ти август, во попладневните часови и прва станица им беше Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат училишен прибор за учениците во основното училиште.
Имаа време дури и да одиграа фудбалски натпревар со училишната екипа.
Во видеото можете да погледнете како поминаа оваа дружба.
https://www.facebook.com/RaideursDeTournai/videos/335395560253299/
Французите ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. За гостите од Франција беше организирана вечера и тие може да пробаат традиционална македонска храна. Во текот на ноќните часови уживаа во македонската музика и настапот на локалниот бенд Nevermind.
На патот до Каменица, групата застана и во Прилеп каде имаше и време за освежување во вештачкиот базен кај рудникот за мермер.
Ова патување на младите авантуристи првпат е во Македонија, но ветија дека повторно ќе дојдат.