Француската полиција си избра автомобил, се реши за Peugeot 5008

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи на Франција одлучи да го одбере возилото Peugeot 5008 како превозно средство за француската полиција и жандармерија.

Тоа е ираз на желбата на полицијата да биде опремена со автомобил со исклучително високо ниво на изведба и произведен е во Франција.

На крајот од постапката за избор, службите на Министерството за внатрешни работи влегуваат со порачка за 1.263 примероци од Peugeot 5008, произведени во Сошо и во Рен. Овие автомобили ќе бидат трансформирани со соодветната потребна опрема во фабриката на PSA Group вo Поаси.

Овие 1263 автомобили, порачани за полицијата и жандармеријата имаат уникатна спецификација:

Верзија Active Business PureTech 130

5 места (2-те можни дополнителни седишта се зачувани за интегрирање на електронските инструменти поврзани со вршење на нивната активност).

Бојата Artense Grey за полицијата/Sulawesi Blue и Bullseye Blue за националната жандармерија.

Брендирање со логоата „ПОЛИЦИЈА“ и „НАЦИОНАЛНА ЖАНДАРМЕРИЈА“.

Специфични распореди за секоја различна функција: лесни шини на покривот и друго.

Трансформацијата ќе се случи во фабриката на конверзија, која е дел од фабриката на PSA Group во Поаси, а испораките веќе почнале и ќе продолжат до крајот на декември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK