Франција планира национализација на производителите на автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу економски експерти предвидуваат дека економската криза која полека доаѓа со коронавирусот ќе биде многу пострашна од онаа во 2008 година. Оттука многу држави веќе прават економски стратегии за борба со истата.

Особен интерес во автомобилската индустрија пристигнаа вестите од Франција според кои, Владата на оваа земја не ја исклучува можноста од национализација на автомобилските производители.

Renault и PSA Групацијата како најголеми француски производители вработуваат значителен дел од работоспособното население во Франција, но истовремено имаат голем удел во креирањето на БДП на земјата како и извозот. Оттука, од исклучителна важност за француската Влада е да се поддржат и зачуваат овие компании.

Претставници на Владата како едно од решенијата за ова ја предложија национализацијата на овие производители. Oд Renault ја отфрлија можноста за национализација, но не ја исклучија можноста да добијат помош со цел полесно да се надмине кризата.

Само за потсетување, по Втората Светска војна, Франција го национализираше производителот Renault чиј акции на приватни инвеститори делумно беа продадени во 1996 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK