Дека намалувањето на загадувањето е една од стратешките определби на властите во Париз говори и последниот план за намалување на загадувањето.
Во него, покрај квантитативните цели поврзани со намалувањето на количината на CO2, се предвидени односно предложени неколку мерки, а меѓу нив и забраната за рекламирање на возила кои го загадуваат воздухот.
Оваа одлука би требало да биде донесена во средианта на декември годинава, а ќе биде со важност веќе од следната година. Целта е дестимулирање на купувањето на овие возила.
Покрај за производителите, оваа одлука ќе биде штетна и за медиумите и другите маркетинг агенции бидејќи годишно автомобилската индустрија во Франција троши неколку милијарди евра на рекламирање.