Франција ќе ги забрани дизелите на VW на Renault!

ОБЈАВЕНО НА:

Франција размислува да забрани продажба на одредени дизелски модели на Volkswagen и на Renault, изјави државниот министер за човекова околина.

Зборувајќи во Стразбург, министерот Сеголин Ројал изјавил дека по скандалот на Volkswagen со „дизелгејт“, имало истрага и во моторите на Renault и резултатите ќе бидат познати во декември.
Доколку постојат некои индикации за прекршување на законите можно е некои модели да бидат забранети за продажба.

Во почетокот на годината Renault Потврди дека користеле направа за контрола на вистинското ниво на нитроген оксидите во нивните дизелски мотори. Но, според францускиот производител тоа било во согласност со Европските закони, ако тоа е потребно за да се заштити моторот.

Според последните известувања при последната истрага направена кај СУВ моделот Captur исто така било најдена направа кој можно е да била користена недозволено.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK