Франција ја намалува брзината на меѓуградските патишта

ОБЈАВЕНО НА:

Од јули максимално дозволената брзина за движење на второкласните меѓуградски патишта во Франција ќе биде помала од досега. На патиштата кои не се одвоени на средина, брзината ќе биде намалена од 90 на 80 км/ч. Тоа е веќе регулирано со указ од страна на француската влада, а целта е да се намалат несреќите и жртвите на патиштата.

Овие патишта вообичаено ги коистат камионите, но и оние што сакат да ги избегнат патарините. Со ова се надеваат дека ќе бидат спасени од 300 до 400 лица годишно.

Ограничување на 80 км/ч има и во други земји во Европа како Малта, Шведска, Данска и Холандија, а статистиката вели дека тоа се земјите каде смртните случаи се најмалку. Франција се наоѓа на 12. место на таблицата со 54 смртни случаи на милион жители, но смртноста е зголемена во последните години и Владата сака таа тенденција да се намали. Затоа ќе мора да бидат сменети дури 11.000 патни знаци низ целата земја што ќе чини дури 12 милиони евра.

Новите правила стапуваат на сила точно од 1 јули.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK