Франкфурт се сели во Минхен

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку недели организаторот на саемот за автомобили во Франкфурт објави дека овој саем повеќе нема да се одржува во овој град. Организаторот при тоа не ја исклучи можноста да го организира саемот, но во некој друг германски град.

Тоа и се случи. Од следната година саемот за автомобили во Германија ќе се одржува во Минхен, сметајќи го овој баварски град како попопуларна дестинација од Франкфурт. Токму и оттука се очекува зголемена посетеност и популарност.

Во конкуренција за избор на новата локација беа уште и Берлин и Хамбург, но најмногу од овој избор доби BMW.

Овој баварски производител чие седиште е токму во Минхен на Twitter објави дека организаторите направиле фантастичен избор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK