Франкфурт 2017: Новиот Renault Megane RS со 280 КС

ОБЈАВЕНО НА:

За саемот во Франкфурт на штандот на Renault една од звездите е спортскиот модел Megane RS кој од 1.8 литарскиот мотор добива 280 КС. Кон крајот на следната година се очекува и појавата на уште помоќната верзија Trophy, при што силата ќе биде зголемена до 300 КС.

Новиот Renault Megane RS е опремен исто така со систем за вртење на четирите тркала 4CONTROL што гарантира оптимална стабилност при возење со поголеми брзини и подобрена маневрирање при ниски брзини, можност за избор меѓу две нивоа на управување – Sport и Cup. За прв пат ќе има избор меѓу два менувачи, шест брзински мануелен и шест брзински роботски EDC со менувач на воланот, телеметриска мрежа R.S. Monitor и друго.

Од Renault велат дека новата генерација на Megane RS е првото сериско возило на компанијата, која доаѓа со новите амблеми на Renault Sport, нова надворешна боја – Tonic Orange, ентериер со спортски предни седишта со интегрирани потпирачи за глава, црвен конец, комбинација меѓу текстил и Alcantara тапацир и други.

За уште подобро однесување на патот, новиот Megane RS има поширок траг од тркалата на патот, достапна е во комбинација со 18 и 19 инчни тркала и дополнителен влез за воздух за ладење на моторот.

renault megane RS 1

Новиот Megane RS е опремен и со адаптивен систем Multi Sense која mu овозможува на возачот да избере помеѓу четири основни типа – Comfort, Normal, Sport и Race, и еден со можност за прилагодување на режимот на однесување на патот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK