Kia објави дека за време на меѓународниот саем во Франкфурт ќе ја претстави најмоќната верзија компактниот модел Picanto. Тоа треба да биде досега најмоќното Picanto произведено од корејската компанија.
Новото Picanto X-Line ќе биде пуштено во продажба во Европа во последната четвртина на оваа година. Од Kia коментираат дека дизајнoт е инспириран од кросовер автомобилите, а погонот му е доверен на еднолитарскиот T-GDI (turbocharged gasoline direct инекција).
Моторот што ќе го има Kia Picanto X-Line досега е достапен само на моделите Cee’d и Rio, ветувајќи максимална моќност од 100 КС при 4500 в/мин. си со максимален вртежен момент од 172 Нм. во опсег од 1500- 4000 в/мин. Со помош на овој мотор, компактниот модел може да забрза од 0 до 100 км/ч. за 10,1 секунди и да троши просечно 4,5 литри гориво.
Од Kia коментираат исто така дека еднолитарскиот T-GDI мотор ќе биде достапен со истите параметри и во спортското Picanto GT-Line