Франкфурт 2017: Mini ќе вози на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Mini го користи овогодинешниот Меѓународен саем за автомобили (ИАА) во Франкфурт за да ја претстави иднината на индивидуалната урбана мобилност во форма на Mini Electric Concept. Овој концепт би требало да се епојави во производство во 2019 година.

Дизајниран за возење во урбаните средини, концептниот автомобил ви овозможува да ја погледнете секојдневната мобилност со целосно електричен погон во годините што доаѓаат. Урбаната мобилност отсекогаш била во ДНК на брендот Mini, нејзиниот природен дом е градот.

Oд Mini велат дека Electric Concept е заснован на тривратната хечбек каросерија, замислена како алтернатива за користење во задушливите градски услови, а со батерии наместо резервоар за гориво, автомобилот на струја со лесни пластични каросериски панели на возачот ќе му понуди многу управлив автомобил на Mini.

Електричниот Mini со карактеристични каросериски детали е интересни куќишта на задните светла веднаш го покажуваат своето потекло. Каросеријата на овој концепт им аист абоја како и претходно претставеното Mini E. Специфичните аеродинамички елементи терба да бидат предност на автомобилот, а засега од Mini нема детали за потенцијалот на електромоторот, перформансите и капацитетот на батеријата што ќе ја има возилото.

Исто така има и карактеристични тркала со 19 инчи. Аеродинамичните елементи се направени со 3D печатење. Тие ја наведуваат структурата на фибергласот на аеродинамичните елементи и им даваат на бандашите посебна естетика. Преку технологијата на 3D печатење, се прават и се повлекуваат назад изведените доводи за воздух.

Многу повеќе детали кога концептот ќе се прикаже во Франкфур на 12 септември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK