Покрај седанската верзија на S-Class од Mercedes за саемот во Франкфурт што почнува на 12 септември подготвува и премиера на освеженото S-Class Cabriolet. Веќе има и кратко видео како најава за премиерата.
Шпионските фотографии веќе се обидоа да го “протолкуваат” изгледот на прототипот за време на тестовите во суровата зима во Шведска. Овој обновен кабриолет треба да се појави во продажба дури на крајот од годинава.
Внатрешноста ќе добие мало освежување што треба да вклучува два нови 12,3-инчни дисплеи со висока резолуција. Може да се очекува и ревидиран управувач со чувствителни на допир контроли кои одговараат на движења. Купувачите, исто така, можеа да најдат и нови тапацир комбинации.
Во однос на технологијата, моделот треба да биде понуден со подобрени системи за помош на возачот, вклучувајќи DISTRONIC Active Proximity Assist, Active Steer Assist, Active Lane Change Assist, Active Emergency Stop Assist и Traffic Sign Assist. Сопствениците исто така можат да ја искористат новата функција за далечинско паркирање што им овозможува да го паркираат автомобилот од нивниот паметен телефон.
Под поклопецот ќе бидат неколку нови и докажани мотори. Изборот е ист како и кај седна верзијата и вклучува твин турбо 3.0 литарски v6 со 362 КС. Може да се очекува и нов твин турбо 4.0 литарски V8 со 463 КС. Ќе има и подобрена верзија на S63 со твин турбо 4.0 литарски V8 со 603 КС.