Франкфурт 2017: Кои се новитетите што ќе ги покаже BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Франкфурт е домашен терен за германските компании и таму секогаш има многу новитети, концепти и најави за тоа во која насока ќе се движи нивната индустрија.
BMW ги објави првите информации за автомобилите што ќе ги презентира на почетокот од наредната месец во Франкфурт (14-24 септември) и со помош на кои ќе се постави почетокот на новата си пазарна офанзива.

Новите автомобили, со кои BMW ќе ги израдува своите фанови во Франкфурт ветуваат дека ќе ни ја демонстрираат целокупната палета на дизајн, емоции и технологија што ја има баварскиот гигант.

Во сегментот на луксузни спортски автомобили, BMW ќе претстави Concept 8, серијата 7 Series Edition 40 Jahre и Concept Z4, новите 6 Series Gran Turismo и X3, спортскиот M8 GTE, новата генерација на суперспортското M5 и други.

Сериозен акцент во Франкфурт ќе биде и со новиот i3 и неговата поспортска верзија i3s. И двата електромобили користат литиум-јонска батерија (33 kWh), а при потреба од поголем радиус на движење и двата автомобили можат да се нарачаат со секундарен малолитарски двигател со внатрешно согорување.
На пазарот треба да се појават во ноември година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK