Франкфурт 2017: Grandland X е првиот плаг-ин хибрид на Opel

ОБЈАВЕНО НА:

Паралелно со премиерите на целосно новите Grandland X, Insignia GSi и Country Tourer, на саемот во Франкфурт, Opel најави дека наскоро компанијата ќе го лансира на пазарот и првиот во историјата плаг-ин хибриден автомобил.

Ова беше изненадувањето на компанијата за саемот во Франкфурт, бидејќи до последен момент се чуваше во тајност оваа промоција. Новиот Opel Grandland X се базира на истата платформа како и Peugeot 3008 и ќе се нуди со два мотори: 1.2 литарски бензински турбо со 130 КС, и 1.6 литарски дизелски агрегат со 120 КС.

“Нашиот нов Grandland X во plug-in хибридна верзија е следниот голем пример за можностите кои не очекуваат како дел од PSA Group”, коментира Михаел Лохшелер, извршен директор на Opel. “Ја продолжуваме најголемата производна офанзива во историјата на Opel со овие три светски премиери. Направивме решителни засилувања кон своето портфолио оваа година со електричниот шампион Ampera-e, кросоверот Crossland X, Vivaro Life и SUV моделот Grandland X. Ние во Opel сме горди да бидеме дел од PSA Group во моментов “, додаде тој.

Лохшелер потврди дека Opel ќе ја прошири понудата на Grandland X не само со дизелски агрегати заедно со осум степен автоматски менувач, туку и со плаг-ин верзии исто така, што најверојатно ќе ја користат истата технологија како и Peugeot 3008 PHEV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK