Франкфурт 2017: Европска премиера на Skoda Vision E

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно eлектричниoт концепт Vision E, на Skoda ќе ја има својата европска премиера на саемот во Франкфурт што почнува на почетокот на септември. Футуристички концепт Skoda Vision E се појави во април годинава на меѓународниот саем во Шангај и стана прва модел во историјата на брендот што е целосно електричен.

Skoda Vision E е опремена со два електромотори со вкупна моќност од 306 коњски сили, а благодарение на литиум-јонските батерии, eлектромобилот е во состојба да понуди автономно движење од 500 километри. Максималната брзина на движење на концептниот модел е ограничена на 180 км/ч., а во опремата на автомобилот е вклучена и систем за целосно автономно управување од ниво 3.

Благодарение на компактниот погонски систем и основните димензии: должина – 4688 мм, ширина – 1924 мм и височина – 1591 мм, и со меѓуоскино растојание од 2851 мм, Skoda Vision E нуди простран и футуристички ентериер со ергономски седишта и нестандардна изведба на вратите.

Електромобилот е опремен исто така со систем за поддршка на управувањето во метеж, автопилот на автопатишта, систем за автоматско паркирање, следење на срцевиот ритам на возачот, гласовно и гестови управување на вградениот систем, и многу други.

Интересна карактеристика на Skoda Vision E е системот за нејзиното индукционо полнење на литиум-јонската батерија која гарантира целосно полнење за една ноќ. Благодарение на интеграцијата на системот за брзо полнење, батериите кај концепт може да се полнат до 80% за најмалку 30 минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK