Франкфурт 2017: Audi RS4 Avant што забрзува за 4,1 секунда и чини 80.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Новото Audi RS4 Avant имаше светска премиера на овогодинешното меѓународен саем во Франкфурт, а продажбата на спортскиот караван се очекува да стартува на почетокот на следната година со почетна цена од 79 800 евра.

Audi RS 4 Avant ќе доаѓа со 2.9 литарски V мотор, шестцилиндричен TFSI битурбо погонски агрегат, кој генерира максимална моќност од 450 КС и максимален вртежен момент од 600 Нм и quattro систем.

Комбиниран со осумстепен роботизиран менувач, спортскиот караван е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч. за 4,1 секунди и да развие максимална брзина на движење од 250 км/ч. Во комбинација со пакетот RS, брзината се зголемува до 280 км/ч.

Во опремата на новото Audi RS 4 Avant се вклучени спортска суспензија, керамички композитни сопирачки дискови, аеродинамичен пакет, посебен заден дифузер, спортски волан со заострен долен дел и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK