Фотографии од првиот електричен автомобил на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat конечно ги објави официјалните фотографии од првиот електричен автомобил на овој производител.

Станува збор за електричната верзија на кабрио изведбата на бестселерот 500.

Визуелно, овој модел доаѓа со неколку промени. Пред се впечатливи се оние на предниот дел кад предната маска е модифицирана како и браникот, а изменети се и предните LED светла.

Fiat 500e

Што се однесува до внатрешноста, таа е целосно нова во однос на актуелната генерција. Доминира централно поставениот екран оселив на допир, но и целосниот ентериер изгледа како да е од поквалитетни и за око, поубави материјали.

Fiat 500e

Она што е целосно енигма е погонот. Засега не е познато каков вид на батерија ќе има овој модел, автономијата и останатите брзински перформанси.

Производството на 500е се очекува да започне оваа година во фабриката Мирафјори (Италија), а во понудата при тоа остануваат и основните верзии т.е. оние со традиционалните мотори како и plug-in хибридната верзија претставена минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK