Формула 1 трка во 2020 во Копенхаген – преговорите се во тек

ОБЈАВЕНО НА:

Конзорциум составен од познати фирми предлагаат одржување на градска Формула 1 трка во главниот град на Данска, Копенхаген во 2020 година, и за тоа веќе имаат план и разговараат со раководните луѓе во Ф1. Предлог патеката е во самиот центар на градот, преку два главни мостови и покрај зградата на парламентот.

Хелге Сандер, поранешен министер за наука, технологија и развој за време на трката во Сингапур разговарал за планот за одржување трка и истиот бил образложен во детали. Во изработката на планот и поставувањето на патеката помагал Јан Магнусен, поранешниот Ф1 воза заедно со познатиот Херман Тилке, дизајнер на Ф1 патеки. Изгледот бил дефиниран на „изглед на Баку“, каде исто така се вози градска трка.

Проектот добил подршка од данскиот парлемент, кралското семејство и градот Копенхаген, иако сите бараат подршка од приватни инвеститори за истиот да биде одржлив.

На трката во Сингапур, организаторите на таа трка објасниле дека градот тоа го чини околу 80 милиони фунти, од што 60 отсто се пари на градот, а другото од приватни инвеститори.

Во 2012 година Red Bull имаше улична презентација на Ф1 во Копенхаген

Објаснувањето на промоторите на трката во Копенхаген е дека на северот од Европа има многу вљубеници во трките, и четвроица возачи во Ф1, Магнусен, Ериксон, Раиконен и Ботас. Најблиската патека за нив е Белгија или на Германија.

Досега Данска никогаш не организирала Ф1 трка, иако Роскилде, родниот град на Магнусен двапати бил домаќин на Ф1 настан што не е дел од СП, и тоа во 1961-62 на Roskilden Ring патеката. Тогаш победија Стирлинг Мос и Џек Бребем.
Во периодот од 1960 до 1995 година, дури 11 трки од Формула јуниор, Формула 3 и Формула 2 биле одржани.
Red Bull исто така одржа улична демонстрација во Копенхаген во 2012 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK