По бројните одложувања, новата сезона во Формула 1 конечно започнува. Владата на Австрија и официјално даде зелено светло за одржување на трката во Шпилберг на 5 јули. Од FIA, организаторите на овој шампионат, наведуваат дека на оваа патека ќе се одржат две трки. По првата закажана за 5 јули, закажана е уште една за 12 јули.
Календарот за останатиот дел од сезоната не е познат. Според актуелниот календар на 19 јули ќе се вози во Силверстоун, а две недели подоцна во Унгарија.
Почнувајќи од 15 март кога требаше да се вози во Мелбурн, досега се одложени или откажани вкупно 10 трки. И дефинитивно се одложени трките во Франција, Монте Карло, Холандија и Австралија, а останува неизвесен датумот за трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Шпанија, Азербејџан и Канада.