Компанијата Ford планира до 2020 година да ја понуди најмладата гама на северноамериканскиот пазар. Информациите коишто ги објавуваат од компанијата велат дека од актуелната средна возраст на моделите од 5,7 години истата ќе падне на 3,3 години. За да се оствари тоа ќе дојде до промена на 3/4 од понудата, а воедно ќе има и додавање на четири нови СУВ и пикап модели.
Во следните години Ford ќе вложи и во хибридизацијата во својата понуда, па веќе до крајот на следната година сите пазарни предлози ќе имаат можност за 4G интернет поврзаност, а во модифицираната гама ќе биде вклучен и новиот систем Ford Co-Pilot360, кој стандардно нуди систем за автоматско дејствување на сопирачките во случај на опасност од удар, како на предниот така и на задниот дел, но и на страничните делови од автомобилот.
Годинава, пак, Ford во својата гама ќе воведе 3.0 литарски Power Stroke со дизел мотор за F-150 и ќе го обнови F-150 Raptor. Следната за локалниот пазар ќе биде лансиран Ranger, нов F-Series Super Duty, Escape и Explorer (Explorer ST). Во 2020 година, F-150 ќе добие хибриден систем за придвижување, а до тој момент ќе станеме сведоци на појавата на целосно новиот Bronco, како и на целосно нов мал офроудер.
Во 2020 година, Ford ќе стартува со продажбите и на нов спортски електричен модел, кој ќе биде првиот од вкупно шест, кои марката ќе ги лансира до 2022 година.