Компанијата Ford донесе важна одлука и во иднина ќе вложува во производството само на СУВ моделите и пикап возилата за пазарот во Северна Америка што значи дека доаѓа до откажување на производството на лесни возила.
Компанијата ќе го предложи само спортскиот Mustang и новиот Focus Active-хечбек. Списокот на скратените модели е доста подолг, а таму се наоѓаат: C-Max, Fiesta, Focus, Fusion и Taurus.
Според весникот The New York Times, во моментов Ford губи пари на американскиот пазар од секоја продажба на Fiesta, Focus и Fusion.
„Во следните неколку години понудата на Ford на лесни возила ќе се состои од само два модели и тоа ќе бидат Mustang и Focus Active, кој ќе се појави следната година“, стои во официјалното соопштение од компанијата.
Новата стратегија на Ford вклучува и вложување на нови системи за придвижување, па моделите како F-150, Mustang, Explorer, Escape и Bronco ќе добијат хибридни верзии. Во плановите на Ford е да почне со производство на електромобили во 2020 година откако прво ќе го претстави спортскиот модел. До 2022 година ќе бидат лансирани дури 16 електромобили.