петок, 25 октомври, 2025 година

Ford се грижи за клиентите: Им нуди до 90 дена одложено плаќање

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Пандемијата на коронавирусот за многу компании значи потешкотија во продажбата и секој бара начин како да ги задржи оние што сакаат или веќе купиле автомобил. Мерката за помагање на купувачите е особено популарна во САД. Набргу откако Hyundai и Genesis ги објавија плановите да им помогнат на сопствениците кои ги загубиле работните места заради коронавирусот, и Ford потврди дека ќе започне слична програма.

Во издаденото соопштение американскиот производител на автомобили ги охрабри клиентите на „Форд кредит“ кои купиле или изнајмиле возило и биле погодени од COVID-19 да го побараат тоа доколку се соочат со какви било потешкотии при исплатата.

- Advertisement -

Од Ford вели дека овие клиенти може да го променат датумот на плаќање или да го одложат плаќањето. Форд Кредит исто така започнува програма со која им овозможува на клиентите кои купуваат нови автомобили можност да го одложат првото плаќање на возилото за 90 дена.

Толку за помошта што ја нудат во САД за оние што купиле или ќе се решат да купат нов автомобил. Кај нас е тешко и кредит да добиеш, а за дополнителна помош тешко. Импортерите се уште размислуваат како да набават средства за дезинфекција, и се зависни од нашиот банкарски систем кој тепа дебели профити, а малку од тоа враќа назад кај купувачите. Сите размилсуваат за половно возило што го возела „баба“.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја