Веќе две години траат процесите за реструктуирање и реорганизирање на Ford. Во рамките на овој план чија цел е намалување на трошоците, зголемување на профитот и оптимизирање на процесите, американскиот производител затвори неколку фабрики, а го намали бројот во речиси сите постоечки.
Ford сега постигна договор за продажба на уште една фабрика. Станува збор за фабриката во бразилскиот град Сао Бернардо до Кампо, а Ford ќе ја продаде на локалниот производител CAOA.
Со ова, Ford ги намалува своите активност во Јужна Америка. Претходно откри и дека на овој пазар ќе ја намали и понудата сконцентирајќи се на камионетите и SUV возилата.
Истовремено, новиот сопственик ќе задржи само 800 работници додека останатите 1.300 ќе добијат отказ.