Ford развива систем за автоматско избегнување препреки

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford интензивно работи на развој на нов систем што ќе го пополни портфолиото на активните системи за безбедност што ги има во возилата. Се работи за додаток за системот за автоматски сопирање, избегнување на судар.

Системот за автоматско сопирање веќе е одомаќинет како корисен состав, но Ford сега оди чекор подалеку, па бара решение за ситуации во кои системот за автоматско сопирање не е доволен, односно не може да избегне судар.

Решението е најдено со системот за избегнување препреки, кои заедно со автоматското сопирање ќе се обиде да ја смени насоката на возилото за да се избегне судар. Овој системе најсличен на природната реакција на возачот кој сударот го избегнува со сопирање и автоматско скршнување од насоката.
Сепак за да се избегнат несакани последици од самостојното решавање на автомобилот, овој систем ќе се активира само доколку возачот се обиде со менување на насоката да избегне судар.

ford-sistem

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK