Ford пушта мобилни сервиси (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Посетата на сервис за ремонт или рутинска контрола некогаш е причина за губење на време и на нерви. Од Ford се надеваат дека ќе успеат да ги спасат своите клиенти од вакви проблеми со нова услуга која нуди поправки на место кое е посочено од сопственикот на автомобилот.

Како што може да се види и од името, Ford Mobile Service е пилот програма за патувачки сервиси. Опремата, која е неопхода за поправка на автомобилите и планско опслужување е монтирната во автобуси, кои после повикувањето пристигаат пред домот, канцеларијата или каде ќе посака клиентот.

Мобилните сервиси нема да можат да се справат со посложени операции. Анкетите на Ford покажуваат дека оваа идеја им се допаѓа на луѓето, а некои дури се и подготвени да си купат Ford само поради оваа услуга.

Во моментов, програмата за мобилни сервиси е достапна само во пробен режим и тоа во Калифорнија, но наскоро ќе почне да функционира во Флорида, Илиноис, Њу Џерси и Тексас. Ако резултатите се покажат позитивни, тогаш Ford ќе го рашири својот опсег на услугата.

https://youtu.be/cNgAhdeJwXw

Следете не и на:

24AUTO NETWORK